Дома Фудбал Агентот откри зошто Винисиус го избрал Реал пред Барселона: Провизијата беше поголема!

Агентот откри зошто Винисиус го избрал Реал пред Барселона: Провизијата беше поголема!

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор сезонава е во одлична форма и е еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, каде што стигна пред три години за 45 милиони евра од Фламенго.

Интересно е тоа што Винисиус пред три години прво се договори со Барселона, но во последен момент потпиша за Реал Мадрид.

Сега неговиот агент, Федерико Пења откри зошто Винисиус завршил во Реал, а не во Барселона.

„Реал ни даде поголема провизија, а притоа Винисиус немаше да биде во сенка на Нејмар, кој пак тогаш беше во сенка на Меси. Тој е специјален играч, сигурно ќе имаше голем успех и во Барселона“, изјави агентот.

21-годишниот Винисиус оваа сезона блеска во дресот на Реал и на 18 меча во сите конкуренции постигна 10 гола и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бојд удри по Ренџерс: „Украдоа бод, вака не се освојува титула“

Гол во 89. минута го спаси Ренџерс од пораз кај Хартс, но Крис Бојд не гледа шампионска иг…