Дома Трансфер зона Агентот на Верати конечно проговори за неговиот можен трансфер во Јувентус

Агентот на Верати конечно проговори за неговиот можен трансфер во Јувентус

Италијанскиот репрезентативец, Марко Верати ова лето би можел да го напушти Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Агентот на Верати, Донако Ди Кампли ги предупреди луѓето од управата на ПСЖ дека парите веќе не се доволни, како и дека Јувентус е многу атрактивна опција.

Меѓутоа, ПСЖ не сака да го продаде Верати ова лето, иако за неговите услуги се заинтересирани гиганти како Јувентус и Барселона, но агентот јасно стави знаење до управата на францускиот клуб да ја подобрат својата игра или да го ризикуваат губењето на неговиот клиент.

„Јувентус сигурно дека ќе направи нешто посебно во следниот трансфер период. Верати? ПСЖ сака да го задржи за секоја цена. Сега е јасно, парите не се доволни. Во последните четири или пет години францускиот клуб не направи многу за да ја подобри атрактивноста и нивото на игра. Јувентус е многу поатрактивна опција, бидејќи шампионот секогаш ги привлекува победничките тимови“, изјави агентот за „Tuttosport“.

Верати во ПСЖ пристигна од Пескара летото 2011. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…