Дома Трансфер зона Агентот на Бејл со изјава која ќе ги налути фановите на Реал

Агентот на Бејл со изјава која ќе ги налути фановите на Реал

Веќе подолго време се шпекулира со заминување на Герет Бел од Реал Мадрид, а сега на таа тема повторно се огласи и агентот на Велшанецот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бејл во секој преоден рок е во центарот на вниманието, а овој јануари англиските медиуми шпекулираа дека Велшанецот е блиску до враќање во Тотенхем.

Сега се огласи агентот, Барнет кој ги разреши сите дилеми и откри до кога Бејл ќе остане во Реал Мадрид.

„Тој ќе биде во Реал најмалку уште две години, па нема потреба за грижи поради тоа. Мислам дека тоа е грижа на другите луѓе. Сметам дека Зидан и Бејл имаат одлична врска во моментов и се е во ред“, изјави Барнет.

Бејл во Реал заработува 17,5 милиони евра по сезона, плата што никој друг клуб не е спремен да му ја даде.

Велшанецот е на мета на критики на навивачите на Реал Мадрид, па ваквата изјава на агентот сигурно додатно ќе ги разлути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…