Дома Фудбал Агентот на Бејл: Односот на фановите кон него е одвратен

Агентот на Бејл: Односот на фановите кон него е одвратен

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл добива „одвратен“ третман од фановите на клубот, истакна агентот Џонатан Барнет.

Минатата недела велшкиот репрезентативец влезе во конфликт со фановите на Реал Мадид пред тренинг центарот. Тие го навредувале вербално Бејл и фрлиле пенкало по неговиот автомобил, пренесоа тамошните медиуми.

Причината за тоа е што Герет Бејл долго време не игра за Реал Мадрид поради повреда, а се јавува на повикот на велшката репрезентација.

„Повреда може да му се случи на секого. Требаше да игра за Велс бидејќи беше важно за пласман на Светското првенство. Не ме интересира што мислат тие луѓе. Мислам дека односот кон Бејл е одвратен“, изјави Барнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Желбите на Конте за јануарскиот преоден рок

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден…