Дома Трансфер зона Агентот на Бејл не исклучува заминување од Реал Мадрид

Агентот на Бејл не исклучува заминување од Реал Мадрид

0

Иднината на Герет Бјел во Реал Мадрид е неизвесна, особено откако на кормилото на „кралскиот“ клуб се врати Зинедин Зидан.

Познато е дека двајцата не се во добри односи и минатото лето Бејл јавно го призна тоа, па веднаш по враќањето на Зидан започнаа шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

Бејл беше крајно разочаран што две финалиња во низа почна како резерва и пред неколку месеци призна дека немал баш најпријателски однос со францускиот стручњак, па медиумите веднаш почнаа да прогнозираат дека токму Велшанецот ќе биде првото големо име кое ќе си замине од Реал на лето.

Англиските медиуми дури се сигурни дека Бејл кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, па дури тврдат „црвените ѓаволи“ наводно ја договориле соработката.

Целиот договор наскоро би требало да биде официјализиран, а Реал за услугите на 29-годишниот фудбалер ќе добие 104 милиони фунти, што секако е добра сума со огелд на формата во која се наоѓа Герет Бејл.

Агентот на Велшанецот не сакаше да потврди дека веќе има договор со друг клуб, но потврди дека иднината на Бејл во Мадрид е неизвесна.

„Ќе почекаме и ќе видиме како ќе се одвиваат работите со Зидан од сега па до крајот на сезоната. Нема никаква драстична промена со новата ситуација, ќе видиме што ќе се случи“, изјави агентот на Велшанецот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го жртвува Перишиќ за да доведе напаѓач од Премиер лигата?

Според информациите на италијанските медиуми, Интер ќе се обиде да го доведе Ромелу Лукаку…