Дома Фудбал Агентот: Буфон нема да биде испратен како Тоти!

Агентот: Буфон нема да биде испратен како Тоти!

Агентот на легендарниот голман Џиџи Буфон, Силвио Мартина навести дека голманот на Јувентус ќе се прости до фудбалот на крајот на сезоната.

Буфон ќе одржи специјална пресконференција во четврток на која се очекува да го објави крајот на кариерата, а Мартин тврди дека нема да биде испратен со спектакл како што Рома го испрати Тоти.

„Неговото евентуално простување нема да биде како тоа на Тоти. Таквите емотивни прослави се својствени за Рим, во Торино стилот е поинаков. Очекувам поздравување од публиката како што имаше Дел Пјеро“, изјави Мартина.

„Тоа сигурно ќе биде тежок ден до многу солзи. Имав среќа да соработувам со најдобриот голман на сите времиња. Му се извинувам на Донарума, но никој никогаш нема да биде како Буфон“, заклучи агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредфорд се потсети на 2013: Со 2-0 до четвртфиналето во Лига купот!

Гилеспи и Филипс го решија Питерборо, а Бредфорд првпат по походот до „Вембли“ во 2013 год…