Дома Македонски спорт Автомобилистот Ристо Вуков се подготвува за престижната трка „Галф 12“ во Абу Даби

Автомобилистот Ристо Вуков се подготвува за престижната трка „Галф 12“ во Абу Даби

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков Рико и официјално ја доби наградата за титулата освоена минатата сезона, во Отвореното првенство на Србија.

Доминантната претстава на Рико не остана незабележана од организаторот на првенството на Србија, Автомобилистичката федерација на Србија, кој имаше само пофални зборови за нашиот претставник.

„Ова беше своевидно остварување на сонот, да триумфирам во националната класа од која излегле многу големи возачи од регионов. Сега, мислите ми се насочени кон Порше Карера ГТ3 Куп, за сезоната 2020“, изјави Вуков.

Првата станица во новата етапа од кариерата на нашиот најперспективен возач, е престижната трка „Галф 12 часа”, која ќе се вози во Абу Даби и на која ќе учествуваат големи имиња од автомобилистичкиот свет.

Настанот ќе се одржи на 14-ти декември, а Вуков веќе се подготвува за првото запознавање во реални тркачки услови со новиот автомобил, Порше Карера 911, што ќе го има на Формула 1 патеката Јас Марина во Персискиот залив.

„Возбудата расте, едвај чекам да седнам во поршето и да видам до каде ми се можностите во тој тркачки свет. Мислам дека нема да ја разочарам довербата на моите спонзори и симпатизери, очекувам достојно де ја претставувам Македонија“, рече Вуков.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нестор е „шоуменот“ во Удинезе!

Според зборовите на голманот на Удинезе Хуан Мусо македонскиот напаѓач Илија Несторовски е…