Дома Фудбал Сантос бара пари за Нејмар, Барса не дава – се спрема тужба!

Сантос бара пари за Нејмар, Барса не дава – се спрема тужба!

После комплетирањето на трансферот на Нејмар, раководството на Сантос испрати допис до каталонскиот клуб со барање да им се исплатат дел од парите од трансферот на Бразилецот во ПСЖ.

Во Сантос очекуваат за играчот кој поникна во нивниот клуб да добијат 5% од вкупната вредност на трансферот, односно 8,9 милиони евра, како и 4,5 милиони евра за кршењето на договорот за партнерство според кој Барса е должна да одигра два пријателски меча со бразилскиот клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првиот натпревар се одигра во 2013 година, но со оглед на новонастанатата ситуација, тешко дека другата воопшто ќе се одигра.

Од Барселона им порачаа на колегите во Сантос дека на тие 5% би мочеже да сметаат само во случај на директна трансакција, што сега не беше случај.

Од „Камп Ноу“ инсистираат на тоа дека играчот заминал како слободен агент бидејќи договорот еднострано беше прекинат, а отштетата од 222 милиони евра ја плати трето лице.

Бразилците се лути на ваквиот развој на настаните и не се откажуваат од тоа што го бараат, па најавија тужба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавен списокот: Англија без Рашфорд, Стерлинг и Санчо на ЕП

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт  го објави поширокиот состав од 33 играчи за претсто…