Дома Трансфер зона Џејми Варди го напушта Лестер, но останува во Премиер лигата

Џејми Варди го напушта Лестер, но останува во Премиер лигата

Одличниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди е цел на Евертон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Евертон купуваше многу играчи минатото лето и во јануари, но и понатаму имаат проблеми во нападот, па клубот е решен на крајот на сезоната да го доведе Варди.

Варди наводно е првата желба на Евертон за на лето, а и самиот англиски напаѓач веројатно е подготвен за нови предизвци, бидејќи магијата на Лестер одамна престана и овој клуб тешко дека некогаш ќе биде конкурентен и во борбата за Европа, а камоли за титулата.

Играчот кој заработува 100,000 фунти неделно на „Кинг Пауер“ ќе добие уште подобра понуда од „Гудисон Парк“, каде што директор е Стив Волш, човек кој го познава, бидејќи се соработуваа во Лестер. Со трансферот во Евертон, Варди во нападот ќе им помогне на Тосун и Руни, а се очекува неделната плата да изнесува 150,000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…