Џеси Лингард кариерата би можел повторно да ја продолжи во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од Островот, Лингард може да потпише договор до крајот на сезоната со Евертон. Минатото лето екс-напаѓачот на Манчестер Јунајтед остана без клуб откако Нотингем Форест не му ја продолжи соработката.
Шон Дајч верува дека Лингард може да им помогне до крајот на тековната сезона, иако е надвор од натпреварувачка форма од летото.
Тренираше Лингард со Вест Хем и Ал Етифак на Стивен Џерард, но не доби договор. Дајч верува дека може да го врати во старата форма. Лингард во текот на сезоната 2022/2023 година одигра 20 натпревари за Нотингем и постигна два гола додавајќи уште две асистенции.