Дома Фудбал Англија Џерард: За мене е најважна Астон Вила, ако тоа му помогне на Ливерпул ќе биде супер

Џерард: За мене е најважна Астон Вила, ако тоа му помогне на Ливерпул ќе биде супер

Вниманието на Островот во недела ќе биде насочено кон Стивен Џерард кој има шанса со својата Астон Вила да му помогне на Ливерпул да ја освои титулата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити е лидер на табелата со еден бод повеќе од Ливерпул. Во случај Вила да остане непоразена, а Ливерпул слави во својот натпревар против Вулвс тогаш „црвените“ ќе бидат промовирани во шампиони на Англија.

Притисокот се става на Џерард кој сепак пред овој натпревар порача дека за него во овој момент е најважна Астон Вила.

„За мене е разочарувачки затоа што со таквите најави се доведува во прашање интегритетот на Астон Вила и моите играчи. Ние ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме фановите на Астон Вила, а ако тоа му помогне и на Ливерпул ќе биде супер. Сепак, за мене најважна во овој момент е Астон Вила“, изјави Џерард.

Сите натпревари во Премиер лигата утре се играат од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фиорентина најде нов тренер!

Фиорентина е на прагот на назначување на Фабио Гросо како нов тренер на тимот, објавија ит…