Италијанскиот клуб Џенова после Горан Пандев може да имаат уште еден Македонец во тимот, бидејќи покажуваат сериозен интерес за Бојан Миовски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Абердин за договорот на Миовски очекува да добие осум милиони евра, а тоа нема да биде проблем за италијанскиот клуб.
Спортскиот директор на Џенова, Марко Отолини, веќе ја започнал операцијата за доведување на Миовски во клубот.
Претходно и Болоња покажа интерес за Миовски, кој после одличните настапи за Абердин најверојатно ќе се пресели во Серија А.