Дома Фудбал Лига на шампиони Џеко со голот против Милан испиша историја во Лигата на шампионите

Џеко со голот против Милан испиша историја во Лигата на шампионите

Интер вчера го победи Милан со 2:0, а првиот гол за „нероаѕурите“ го постигна Един Џеко, со тој гол босанскиот напаѓач испиша историја во Лигата на шампионите.

Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина постигна гол на 37 години и 54 дена и стана вториот најстар играч кој постигнал гол во полуфинале на ЛШ, рекордер и понатаму е Велшанецот Рајан Гигс кој помеѓу стрелците се запиша на 37 години и 148 дена. Играчот за врска на Манчестер Јунајтед тоа го направиво 2011 година во победата против Шалке од 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На третото место е Филип Коку со 34 години и 187 дена, а потоа следи Чаби Алонсо со 34 години и 160 дена.

Џеко се изедначи со Хрватот Лука Модриќ кој е на петото место кога во прашање се најстарите стрелци вкупно во Лигата на шампионите. Постари од него кои постигнуваа голови се Франческо Тоти (38 години и 59 дена), Рајан Гигис (37 години и 289 дена) Филипо Инзаги 37 години и 86 дена и Хавиер Занети 37 години и 71 ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…