Дома Фудбал Италија „Џеко е топ класа ама не може да одигра 60 натпревари по 90 минути“

„Џеко е топ класа ама не може да одигра 60 натпревари по 90 минути“

Eдин Џеко одлично ја започна новата сезона во Серија А.

Заедно со Чиро Имобиле Џеко е прв стрелец во италијанското првенство со шест голови и пофалби му пристигнуваат од сите страни. Порашениот фудбалер на Интер Даниеле Адани е импресиониран од она што го прави Џеко на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Џеко влезе во игра против Сасуоло и веднаш се забележа дека направи разлика на теренот. Човекот има 35 години, седум години е постар од Лукаку, но не може да игра 60 натпревари по 90 минути. Сепак, кога е на теренот прави разлика. Тој е топ класа и има се што е потребно за еден напаѓач и не сум изненаден што така игра на почетокот од сезоната“.

Адани дресот на Интер го носеше од 2002 до 2004 година, а во кариерата играше уште за Модена, Бреша, Фиорентина, Асколи и Емполи каде што ја заврши кариерата во 2008 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Толку од фудбалот: Погба ја смени професијата!

Пол Погба неодамна доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради допинг, па така сега в…