Дома Трансфер зона Ќе си дозволи ли Челзи да го изгуби Азар, сега кога не може да му доведе замена?

Ќе си дозволи ли Челзи да го изгуби Азар, сега кога не може да му доведе замена?

azar

Иако преодниот рок во Англија заврши вчера, екипата на Челзи би можела да претрпи промени до крајот на август.

Управата на „сините“ до овој момент успеа да го задржи Еден Азар на „Стенфрод Бриџ“, но се уште би можеле да го изгубат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, преодниот рок во Шпанија е отворен до 31 август, па Реал Мадрид има уште 21 ден да го скрши отпорот на Челзи и конечно да го ангажира Азар.

Да потсетиме, овие два клуба ова лето веќе соработуваа кога во едниот правец замина Тибо Куртоа, а во другиот Матео Ковачиќ.

Сепак, со Азар ситуацијата е далеку покомплицирана со оглед дека се работи за најдобриот играч на Челзи, а на Реал не им олеснува ниту тоа што Челзи веќе не може да доведе замена.

Без оглед на се не треба да се сомнеавме дека доколку Перез навистина го сака Азар ќе направи обид, посебно доколку се реализираат најавите за трансфер на Модриќ во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…