Дома Трансфер зона Ќе заврши ли Манџукиќ во Премиер лигата до четврток?

Ќе заврши ли Манџукиќ во Премиер лигата до четврток?

mandukic

Tрансферот на Марио Манџукиќ изгледа се поверојатен, а „Газета“ која претходно објави детали од договорот кој би требало да го потпише со Манчестер Јунајтед, денес тврди дека Јувентус има посебен план за продажба на Хрватот.

Долго се пишуваше дека трансферот на Манџуки зависи од размената на Дибала и Лукаку, а сега откако размената пропадна Јувентус бара нов начин да го продаде Манџукиќ во Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постоеше опција Манџукиќ да оди во Англија како дополнување за Дибала во спомената замена, но сега на негово место во таа размена се појави името на Блез Матуиди, па трансферот на Манџукиќ може да биде како посебен дел.

Во Јувентус за него нема место. Веќе некое време е јасно дека Манџукиќ кај Сари ќе биде во втор план, а со оглед на стилот кој го форсира Сари нема да има простор Манџукиќ да се користи на крилната позција. Логично е до разделба да дојде и Партичи е во Англија каде што го договара трансферот.

Досега проблеми со Манџукиќ им правеше Интер кој во последен момент повторно се врати во игра за Лукаку, но сега тој трансфер ќе се прави независно од Лукаку работата е многу поедноставна.

Преодниот рок во Англија се заршува за два дена (во четврток во 18:00 часот).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…