Дома Фудбал Англија Јунајтед ја одреди цената, Интер дозна колку ќе чини откуп на договорот на Санчез

Јунајтед ја одреди цената, Интер дозна колку ќе чини откуп на договорот на Санчез

Алексис Санчез, после “пеколот“ во Манчестер Јунајтед, летоска пристигна на позајмица во Интер.

Чилеанецот веќе со првите настапи за Нероаѕурите почна да го уверува Антонио Конте дека Интер треба да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, цената за Санчез треба дополнително да се договори, а сега од Италија пристигнуваат вести дека Јунајтед може да побара “коректна“ сума.

Без разлика на лошиот старт и недостатокот на опции во нападот, Јунајтед нема намера да го враќа Санчез во своите редови следното лето, а за неговиот потпис наводно ќе бара 25 милиони евра.

Тоа е сумата која Интер мора да ја плати доколку сака да го откупи договорот на Санчез или било кој друг клуб кој сака да го донесе Чилеанецот во своите редови.

Да потсетиме, договорот на Санчез со Манчестер Јунајтед важи до летото 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…