Дома Трансфер зона Јунајтед ја одреди цената за Погба, Реал спремен да плати половина сума

Јунајтед ја одреди цената за Погба, Реал спремен да плати половина сума

Раководството на Манчестер Јунајтед е спремно да го продаде Пол Погба на крајот на сезоната и веќе ја одреди цената за Французинот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Сан“, минатото лето клубот од „Олд Трафорд“ барал 150 милиони фунти – сума што ги откажа Реал Мадрид и Јувентус, кои покажуваат најголем интерес за Французинот.

Цената сега е 100 милиони, а агентот на играчот Мино Раиола е информиран дека Погба е слободен да замине во текот на летото, доколку се најде клуб да ја плати бараната сума.

Проблем за „црвените ѓаволи“ е што после лошата сезона цената на Погба драстично падна. Реал Мадрид кој е прв фаворит за потписот на Французинот е спремен да плати „само“ 50 милиони фунти.

26-годишниот играч за врска од септември до сега има одиграно само 71 минута поради проблеми со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…