Дома Трансфер зона Јунајтед преговара со Камавинга, тој сака во Реал

Јунајтед преговара со Камавинга, тој сака во Реал

Манчестер Јунајтед продолжува да биде активен на трансфер пазарот и после комплетирање на трансферот на Џејдон Санчо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега „црвените ѓаволи“ се во напредни преговори за трансфер на големиот француски талент, Едуардо Камавинга.

Новинарот на „Скај Спорт“, Фабрицио Романо пренесува дека Рен е спремен да го пушти Камавинга за 30 милиони евра, бидејќи договорот на играчот истекува следното лето.

Младиот играч за врска е еден од приоритетите на тренерот Солскјер, а англиските медиуми пренесуваат дека трансферот на Камавинга не е поврзан со трансфер на Погба.

Сепак, „црвените ѓаволи“ ќе треба да го убедат талетот да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи негов приоритет е Реал Мадрид и сака трансфер на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…