Манчестер Јунајтед денес го објави финансискиот извештај за последното тримесечие, кое забршува во јуни 2022 година.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според податоците загубите се зголемиле за 23 милиони фунти во однос на претходната година и изнесуваат 115,5 милиони фунти.




Вкупните долгови на клубот се зголемени за 22% и сега изнесуваат 514,9 милиони. Со доаѓањето на Роналдо, Варан и Санчо расходите за плати пораснале за 19% и вкупно клубот за плати потрошил 384,2 милиони фунти.




Тоа е највисоката сума издвоена за плати во историјата на Премиер лигата. Претходниот рекорд го држеше Манчестер Сити со вкупна сума за плати од 355 милиони фунти.