Дома Топ вести Јунајтед започна преговори за Дембеле

Јунајтед започна преговори за Дембеле

Примарна цел на Манчестер Јунајтед ова лето ќе биде да се засили со квалитетен крилен напаѓач, а најнова мета е Осман Дембеле.

Со оглед на фактот дека Џејсон Санчо е прескап и тешко дека ќе ја напушти Борусија Дортмунд ова лето, Дембеле се претвори во примарна цел на „црвените ѓаволи“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересот од „Олд трафорд“ за Французинот не е ништо ново. Беше мета на Јунајтед и во 2017 година кога Барселона беше побрза и го доведе за 125 милиони евра од Борусија.

Дембеле не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“, па Барселона е спремна да го продаде ова лето, а за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Англиските медиуми тврдат дека двата клуба наскоро ќе започнат преговори, а Јунајтед се надева дека може да го реализира трансферот на едногодишна позајмица со откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…