Дома Фудбал Англија Јунајтед добива нови сопственици до март, тоа ќе влиае на зимските трансфери

Јунајтед добива нови сопственици до март, тоа ќе влиае на зимските трансфери

Семејството Глејзер сака да го продаде Манчестер Јунајтед уште во првото тромесечие од 2023 година, објави реномираниот новинар Дејвид Орнстин.

Американската банка „Raine Group“ која ја контролира целата продажба има поставено рок до март за извршување на продажбата. Глејзер бараат помеѓу 7 и 8 милијарди за акциите на Манчестер Јунајтед.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поради тоа, Манчестер Јунајтед нема да купува играчи во зимскиот преоден рок, а ќе бара засилување на позајмица, откриваат медиумите на Островот.

Веста дека клубот ќе доведува засилувања само на позајмица е сериозен удар за менаџерот Ерик тен Хаг, кој имаше големи надежи, дека значително ќе го засили тимот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…