Дома Трансфер зона Јувентус ја сака ѕвездата на Манчестер Сити

Јувентус ја сака ѕвездата на Манчестер Сити

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно заинтересиран за крилниот фудбалер на Манчестер Сити, Ријад Марез.

Фантастичниот алжирски фудбалер после четири ипол години го напушти Лестер за 70 милиони евра и премина во редовите на англискиот првак, каде сепак нема место во стартниот состав.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оваа сезона овој 28-годишен играч беше стартер на само 11 натпревари во дресот на Сити, па веќе почнаа шпекулациите дека само после една година може да ги напушти „граѓаните“.

Наводно, торински Јувентус е заинтересиран за неговите услуги. Понудата ќе пристигне на адреса на „граѓаните“, а за играчот е спремен одличен договор.

Јувентус ова лето сака да донесе неколку нови имиња. До сега Марез не се поврзуваше со „бјанконерите“, но секако дека би било одлично да се види во дресот на „старата дама“.

Марез оваа сезона одигра вкупно 42 натпревари во сите натпреварувања. Запиша 11 погодоци и 11 асистенции, но без разлика на тоа Пеп Гвардиола не му дава премногу шанса од првата минута.

На Јувентус пак му е потребен играч за врска и се очекува Старата дама да се засили на таа позиција, особено поради фактот што се очекува Даглас Коста ова лето да го напушти клубот.

Сепак, би било големо изненадување ако Алжирецот само после една сезона го напушти „Етихад“, особено поради фактот што пристигна како големо и скапо засилување.

https://youtu.be/lZlyKkSB4sk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…