Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен

Јувентус тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен

Италијанскиот шампион Јувентус ќе се обиде да го донесе во своите редови дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Боатенг со Баварците завршува во 2021 година, но самиот фудбалер потврди дека размислува да ја промени средината.

Раководството на Баерн нема да му стои на патот и чека адекватни понуди, а интерес за Германецот покрај премиерлигашите покажува и Јувентус.

„Старата дама“ има одлични односи со Баерн и наскоро двата клуба ќе започнат преговори за трансферот.

Германските медиуми тврдат дека Баерн за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека „бјанконерите“ се спремни да платат 25 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…