Дома Фудбал Јувентус стравува – Алегри доби мега понуда!

Јувентус стравува – Алегри доби мега понуда!

„Газета дело Спорт“ во денешното издание пренесува дека иднината на Масимилиано Алегри не е сигуна бидејќи италијанскиот стратег добил богата понуда од ПСЖ.

Имено, францускиот клуб му нуди на Алегри 10 милиони по сезона и тригодишен договор, што е двојно повеќе од неговата плата во Јувентус.

Весникот тврди дека Алегри во наредните денови ќе има средба со раководството на „старата дама“ и ќе бара нов договор од 8 милиони евра по сезона плус бонуси.

ПСЖ силно го посакува италијанскиот стратег и нема лесно да се откаже од него, па доколку Јувнетус не се согласи за драстично зголемување на платата, Алегри ќе се пресели во Париз.

Во тој случај прв извор на „бјанконерите“ ќе биде доскорешниот тренер на Фиорентина, Пауло Соса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар во Гостивар брка бодовно израмнување и прекин на предноста на Шкендија

Саботното дерби ги носи лидерот и актуелниот првак во директна пресметка со три бода разли…