Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри сака во јануари да го засили тимот со играч на Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алегри не е задоволен од настапите на Адриен Рабио и сака да го донесе шпанскиот плејмејкер Дани Себаљос.




„Старата дама“ сака да го засили средниот ред, а Алегри смета дека Себаљос ќе биде идеален партнер за Локатели.
Себаљос ова лето се врати во Реал од позајмицата во Арсенал, но се уште нема одиграно ниту една минута, бидејќи се опоравува од повреда со која се здоби за време на Олимписките игри.




Јувентус покажува слаби резултати сезонава во Серија А и Алегри смета дека главниот проблем е во средниот ред, па сака да го донесе Себаљос.