Дома Трансфер зона Јувентус решава еден проблем: Даглас Коста пред потпис со новиот клуб

Јувентус решава еден проблем: Даглас Коста пред потпис со новиот клуб

Јувентус изгледа конечно пронајде клуб за Даглас Коста и тоа клубот од младоста на Бразилецот.

Кога минатиот месец првпат се појави можноста Коста да се гласи во Гремио навивачите на овој клуб беа воодушевени. Потоа се огласи од клубот и соопштија дека финансиите не дозволуваат да размислуваат во тој правец. Но, изгледа дека во последните денови работите се промениле – Даглас Коста е на чекор од Гремиo!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилските медиуми пренесуваат дека утрово бил одржан клупски состанок во Порто Алегри на кој присуствувал и самиот Коста. На состанокот биле најважните луѓе на Гремио и менаџерот кој го застапува фудбалерот на Јувентус, Жорж Машадо.

Нема сомневање дека Јувентус ќе се обиде да се ослбоди од Даглас Коста затоа што на тој начин би се ослободиле и од преостанатите две третини од неговата плата кои ги исплаќаат додека е на позајмица.

Кога во прашање е договорот помеѓу Гремио и Коста остануваат само уште детали. Бразилецот наводно се согласил на значително намалување на платата под услов да добие одредени бонуси од продажбата на неговите дресови и маректиншките акции генерално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…