Дома Трансфер зона Јувентус почна преговори со Жоржињо

Јувентус почна преговори со Жоржињо

Примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Челзи, Жоржињо, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанецот има договор со „сините“ до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката за во застој.

Жоржињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 50 милиони фунти, а сега сака да се врати во Италија.

Челзи поради ситуацијата не може да преговара за продолжување на соработката и е спрмемен да го продаде Италијанецот на лето, а Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.

Жоржињо бара плата од 7 милиони евра, што значи дека доколку пристигна во Торино ќе биде најплатен заедно со Влаховиќ и Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…