Дома Фудбал Јувентус не заборави па и врати на Барса: Ветивме и ви го донесовме најдобриот!

Јувентус не заборави па и врати на Барса: Ветивме и ви го донесовме најдобриот!

Јувентус вчера на гости ја совлада Барселона со 3:0 на „Ноу Камп“.

Торинскиот тим одигра фантастичен натпревар и на крајот сосема заслужено ги победи Каталонците кои беа целосно безидејни во овој меч.

Барселона во првиот натпревар во Торино славеше со 2:0. После тој натпревар одлучија да испратат провокација до Јувентус истакнувајќи го Лионел Меси како најдобар на сите времиња.

„Мило ни е што го видовте најголемиот на сите времиња на ваш терен“, порача тогаш Барселона со фотографија од Меси.

Јувентус на тоа одговори:

„Веројатно сте гледале во погрешен речник. Ќе ви го донесеме најдобриот на „Камп Ноу“.

Ова во Торино не го заборавија, па следуваше провокација до Барселона после вчерашната победа.

„Го одржавме ветувањето. Ви го донесовме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…