Јувентус синоќа запиша голема победа на гостувањето кај Лајпциг, но остана без својот најдобар дефанзивец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бремер мораше да го напушти теренот поради повреда во шестата минута, а денешните детални прегледи ја потврдија лошата прогноза.
Бразилецот има повреда на коленото и за него сезоната е завршена, а Јувентус веќе почна да бара негова замена.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ сака да го доведе Симон Кјаер, кој е слободен агент.
Данецот ова лето го напушти Милан после четири години на „Сан Сиро“ и се уште е без клуб.