Дома Трансфер зона Јувентус има цена под која не смее да го продаде Манџукиќ

Јувентус има цена под која не смее да го продаде Манџукиќ

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ во јануари скоро сигурно ќе го напушти Јувентус.

Маурицио Сари не смета на Хрватот, а тоа беше јасно и кога не го пријави за настап во Лигата на шампионите. Манџукиќ беше блиску до трансфер во Катар, но тој трансфер пропадна во последен момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега тој тренира одвоено од екипата и во јануари ќе побара нов клуб.

Италијанските медиуми пишуваат дека Манџукиќ кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед и дека се согласил на договорот кој му го нудат „црвените ѓаволи“. Но, клубовите се уште не се договориле за оштетата.

Јувентус не смее да го продаде Манџукиќ за сума помала од 5.3 милиони евра поради Финансискиот фер плеј. Сепак, тешко е да се верува дека Јувентус ќе го пушти Манџукиќ за толку мала сума. Очекувањата се да заработат помеѓу 10 и 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…