Дома Фудбал Италија Јувентус изгуби од Интер, а Алегри порача: Задоволни сме, во јуни не очекувавме да сме во ваква ситуација

Јувентус изгуби од Интер, а Алегри порача: Задоволни сме, во јуни не очекувавме да сме во ваква ситуација

Јувентус вчера беше поразен во дербито против Интер, а по натпреварот тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри истакна дека од самиот почеток Интер го гледал како прв фаворит за Скудетото.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интер сега има четири бода пред Јувентус на врвот на табелата, но и натпревар помалку од „старата дама“, па така таа разлика лесно може да биде седум бода.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Првото полувреме беше изедначено, тие постигнаа гол, а ние пропуштиве тоа да го направиме преку Влаховиќ.

Во второто полувреме се играше по отворено и беше повеќе забавно за навивачите. Тие беа опасни од контра. Мораме да се подобриме, но истовремено и да им честитам на своите играчи.

Во јуни не очекувавме дека ќе бидеме во ваква ситуација. Задоволни сме како ни оди, лути сме поради поразот, меѓутоа јасно е дека Интер е фаворит сезонава. Ако останеме блиску до крај, добро е, а и Милан се бори, па кој знае, ќе видиме што ќе се случува“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Eмери вчера влезе во одбрано друштво и се изедначи со Мурињо, Трапатони и Анчелоти!

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, се запиша во историјата на УЕФА како четвртиот тренер…