И кога сите го отпишаа Јувентус, италијанскиот состав направи одличен потег, задавајќи последен удар вреден четвртфинале во ЛШ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Екипата на Јувентус славеше против Тотенхем преку пресврт со 1:2, откако имаше отворен резултат по првиот меч кој заврши со резултат 2:2. На „Вембли“ резултатот го отвори Сон, а потоа Игуаин и Дибала се запишаа во листата стрелци за ново четвртфинале на „Старата дама“.
Манчестер Сити пак, иако загуби, лесно и рутински влезе во реваншот против Базел, со оглед на тоа дека од првиот меч понесе предност од 4:0. Гостите од Базел славеа вечерва на „Итхад“ со 1:2. Резултатот го отвори Жезус во 8. минута а Елиоуноуси израмни веќе во 17. минута. Победничкиот погодок беше дело на Ланг во 71. минута, иако веќе се беше залудно.