И додека целиот свет се обидува да го реши проблемот со коронавирусот, европските гиганти се спремаат за наредната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спортските директори веќе работат на засилување на тимовите за следната сезона, а последните информации од Италија говорат дека Јувентус и Манчестер Сити и ова лето спремаат интересна трампа.
Имено, Миралем Пјаниќ на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Јувентус бидејќи не се задоволни од неговите партии оваа сезона, а и самиот играч сака промена на средината.
За неговите услуги се заинтересирани ПСЖ и Манчестер Сити, па Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и да договори трампа со „граѓаните“.
„Старата дама“ е заинтересирана за Бернардо Силва и е спремна на Етихад да го испрати Пјаниќ плус 20 милиони евра за потписот на Португалецот.