„Тутоспорт“ пишува дека Масимо Алегри би требало да го преземе кормилото на ПСЖ, а тоа ќе отвори можност за спектакуларна трампа помеѓу „светците“ и Јувентус.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Една од најголемите трансфер желби на Алегри е Миралем Пјаниќ со кого имаше одлична соработка во Јувентус, па ПСЖ ќе се обиде да му ја исполни желбата.
Трансферот на Пјаниќ во Барселона е под знак прашалник, па Босанецот е спремен да прифати трансфер во Париз, а Јувентус за возврат го бара Марко Верати.
Верати е спремен да се врати во Италија, но неговата цена во моментов е повисока од таа на Пјаниќ, па „старата дама“ ќе треба да доплати за неговиот потпис.
„Тутоспорт“ тврди дека двата клуба се заинтересирани за ваква трампа, па наскоро ќе седнат на преговарачка маса.