Дома Трансфер зона Јувентус и Наполи во битка за хрватски репрезентативец

Јувентус и Наполи во битка за хрватски репрезентативец

Агентот на Шиме Врсаљко откри дека Јувентус и Наполи се силно заинтересирани за неговиот клиент.

Врсаљко моменатлно не добива голема минутажа во Атлетико Мадрид и е спремен да ја промени средината, па најверојатно повторно ќе се врати во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Десниот бек на хрватската репрезентација веќе има искуство во Серија А каде настапуваше за Џенова и Сасуоло, а во зимскиот преоден рок беше пред трансфер во Наполи.

„Позицијата десен бек е најбарана во светот, Наполи и Јувентус се во потрага по квалитетен десен бек, но тоа е случај кај многу европски клубови. Затоа Врсаљко не направи трансфер во јануари“, изјави агентот Џузепе Рисо.

„Шиме ја сака Италија, но и Премиер лигата е привлечна за сите. Не знам дали Атлетико сака да го продаде, бидејќи нема да биде лесно да најде да најде замена“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …