Дома Трансфер зона Јувентус и Интер се „тепаат“ за бекот на Челзи

Јувентус и Интер се „тепаат“ за бекот на Челзи

Италијанските гиганти, Интер и Јувентус се силно заинтересирани за левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Палмери не добива голема минутажа и Челзи е спремен да го продаде на лето за 20 милиони евра.

Палмери долго време е на радарот на Антонио Конте, кој на лето сака да ја засили левата бековска позиција.

Меѓутоа, Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и во Палмери гледа идеална замена за Алекс Сандро.

Офанзивниот бек не е дел од плановите на актуелниот менаџер на „сините“, Томас Тухел, и затоа ќе му биде дозволено да си замине од „Стемфорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…