Дома Фудбал Италија Јувентус го откажа засилувањето вредно 30 милиони евра поради откриен срцев проблем на прегледите

Јувентус го откажа засилувањето вредно 30 милиони евра поради откриен срцев проблем на прегледите

Младиот напаѓач на Сампдорија, Патрик Шик сепак нема да премине во редовите на Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако изминатите неколку недели беше договорен неговиот трансфер за 30 милиони евра, „Старата дама“ се откажа во последен момент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека младиот Словак паднал на лекарските прегледи, направени се и дополнителни, но откриен му е срцев проблем па ќе мора да мирува два месеци.

Јувентус соопшто дека во договор со Сампдорија одлучено е овој трансфер да не се реализира.

Шик има 22 години, а изминатата сезона постигна 13 погодоци на 35 натпревари за клубот од Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете како изгледа табелата на третопласираните репрезентации, ќе гледаме лудо трето коло!

Иако е рано за дефинитивни заклучоци, вистинската драма ќе се одигра во последното коло. С…