Јувентус е последниот клуб кој се вклучи во трката за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањето на медиумите Лил е спремен во летниот преоден рок да го продаде Санчез на кого договорот со францускиот клуб му истекува летото 2023 година.
Португалецот се споменуваше како сигурно засилување на Милан, клуб кој веќе подолго време преговара со неговиот агент Жорге Мендеш.
Јувентус сака да го „украде“ играчот за врска пред носот на големиот ривал и веќе испратил понуда до неговиот агент.
Милан веќе има начелен договор со Лил за трансферот, па останува да видиме кој клуб ќе го избере Португалецот.