Доколку во текот на летото српскиот напаѓач Душан Влаховиќ го напушти Јувентус замена би можел да му доведе од Леверкузен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Виктор Бонифас игра во одлична форма оваа сезона, постигнувајќи 16 гола и постигна девет асистенции на 25 натпревари во неговата прва сезона во Леверкузен, кој е на прагот да ја освои првата титула во Бундеслигата во историјата на клубот.
Нигериецот го оствари овој импресивен учинок во првиот дел од сезоната, а се повреди од јануари и се врати пред само пет дена во победата на Леверкузен од 4:0 против Дизелдорф во полуфиналето на Купот на Германија.
Јувентус е заинтересиран и за Џошуа Зирки од Болоња, но Холанѓанецот не би бил директна замена за Влаховиќ, туку би играл заедно со него наместо Федерико Киеза.
На излезната врата од клубот се Аркадиуш Милик и Мојзе Кин, како и Илинг Жуниор за кого интерес покажаа Тотенхем и Фулам.