Душан Влаховиќ може да го напушти Јуветус на крајот на сезоната, а раководството на „старата дама“ веќе почна да бара негова замена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.
Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и казната, па најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампиони.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ веќе ја нашле замената, а тоа е Расмус Хојлунд од Аталанта.
Хојлунд е вистинско откритие оваа сезона во Серија А, има само 19 години и му се предвидува голема кариера.
За репрезентацијата на Данска постигна 5 гола на два меча изминатите денови, па Јувентус сака да ја победи конкуренцијата.
Наводно италијанскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 40 милиони евра плус бонуси.