Дома Фудбал Италија Јувентус веднаш ги демантираше обвинувањата од девојата на Ругани

Јувентус веднаш ги демантираше обвинувањата од девојата на Ругани

Даниеле Ругани пред две недели стана првиот заразен фудбалер од Серија А со коронавирус, а вчера неговата девоја Микела направи скандал со својата изјава.

Микела Персико сега ја критикуваше управата на „Старата дама“, која наводно знаела дека нивниот фудбалер е болен, но тоа не го објавила за да се одигра дербито со Интер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Микела во разговор за италијанските медиуми изјави дека на Ругани му бил направен тест уште на 8-ми март.

„Даниеле се врати дома од тренинг, не се чувствуваше добро, имаше температура и го извести тимот дека ќе преспие на друго место. Се разбуди и беше подобар, а клубот реши да го тестира на Ковид-19. Знам дека сигурно направи тест на осми март, а резултатите ги доби истиот ден“, изјави Микела.

Јувентус денес експресно ги демантираше тврдењата на Микела и објавија дека на Ругани му бил направен тест ден после дербито со Интер, односно на 11-ти март. Истото го потврди и агентот на фудбалерот.

Јувентус по таквите информации се најде на удар од јавноста и медиумите, па поради тоа се огласи со јавен демант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…