Дома Фудбал Италија Јувентус бара натпреварот против Аталанта место во 15:00 часот да го игра во 20:30, Гасперини не прифаќа

Јувентус бара натпреварот против Аталанта место во 15:00 часот да го игра во 20:30, Гасперини не прифаќа

Во 37-то коло од италијанската Серија А Јувентус ќе биде домаќин на Аталанта, а во Торино од раководството на првенството бараат промена на терминот за овој натпревар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, овој натпревар е предвидено да се игра во 15:00 часот, но во Јувентус бараат тој да биде преместен и да се игра во 20:30 часот.

Натпреварот е закажан за 19 мај во Торино, но во Јувентус испратија барање тој да биде одложен за неколку часа и место попладневниот термин да се игра во вечерешниот. Јувентус ова барање го достави за да може титулата да ја слави во ноќен термин.

Сепак, проблем претставува тренерот на Аталанта, Џампиеро Гаспереини кој не сака да натпреварот да биде преместен и сака да се одигра во 15:00 часот.

Конечната одлука ќе ја донесе раководството на Серија А.

Јувентус овој викенд и гостува на Рома, а потоа ја пречекува Аталанта наредниот викенд, за крај на сезоната ќе има да одигра уште гостување кај Сампдорија. „Старата дама“ титулата ја освои во претходните кола, но прославата е закажана за после натпреварот против Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Седум фудбалери на Реал Мадрид го пропуштаат „Ел Класико“

Нешто не чини во Реал Мадрид, тоа е јасно на сите по тепачката меѓу Валверде и Чуамени, а …