Дома Трансфер зона Јуве пронајде замена за Алвеш, пристигува од Премиер лигата!

Јуве пронајде замена за Алвеш, пристигува од Премиер лигата!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, искусниот Бразилец би можел да биде заменет со Португалец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дани Алвеш заминува од Јуве и преминува во редовите на Манчестер Сити.

На „старата дама“ останува да пронајде адекватна замена за Бразилецот, до сега најмногу се споменуваа Дармијан и Де Шиљо, но „Тутоспорт“ има нови информации.

Наводно, управата на Јувентус е заинтересирана за десниот бек на Саутемптон, Седрик Соареш (25).

Соараеш со своите одлични настапи во Саутемптон успеа да стигне и до стартните 11 во репрезентацијата на Португалија. Неговиот договор со англискиот клуб има важност до 2020 година и управата на Саутемптон сигурно дека би сакала да задржи, но веројатно самиот Португалец би сакал да премине во италијанскиот шампион.

Се очекува „бјанконерите“ за неговите услуги да издвојат околу 20 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…