Дома Кошарка Јокиќ ја коментираше епската објава од 2011 година 🎥

Јокиќ ја коментираше епската објава од 2011 година 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер до финалето во НБА лигата откако во конференциското финале го елиминираа Лејкерс со 4:0.

Медиумите по последниот четврти натпревар со Лејкерс го потсетија на неговата легендарна објава од 2011 година „Сака некој на баскет“. На ова тој даде интересен коментар.

„Денес е тешко да се најде некој за баскет. Посебно во мојот град…Се сеќавам порано кога ќе излезев во пет напладне, почнуваш да играш и ако изгубиш еден натпревар слободно можеш да си одиш дома, бидејќи нема да дојдеш пак на ред.

Сега тешко да најдете шест играчи бидејќи игравме три на три. Од тогаш ништо не се променило – ако не сака да игра баскет, нека ме побара“, се пошегува Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Овациите го разнежнија Пековиќ: Атина ги врати спомените, пофалби и за Обрадовиќ

Никола Пековиќ доби топол пречек во ОАКА, се потсети на генерацијата од 2009 година и пора…