Јувентус би можел да ангажира уште еден дефанзивец од Милан. Откако летото „бјанконерите“ го доведоа Пјер Калулу од „росонерите“, сега се насочија кон Фикајо Томори, пренесува „Тутоспорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Не е тајна дека главен приоритет на Јувентус во јануари ќе биде доведување на централен дефанзивец кој ќе ја пополни празнината што ја остави повредата на Бремер. Сега Томори е најновото име што се поврзува со „Бјанконерите“.
27-годишниот Англичанец отпадна од стартниот тим под водство на Пауло Фонсека. Тој во последно време се повеќе е на клупата и веројатно е доста заинтригиран од можноста за преселба во Јувентус.
Јуве сака да го ангажира Томори на позајмица до летото. Сепак, не е јасно дали Милан ќе се согласи да му даде уште еден играч на големиот ривал, откако Калулу ја оживеа кариерата по неговиот трансфер во „старата дама“.