Дома Фудбал Италија Јувентус ги потврди лошите најави: Сезоната за Колумбиецот е завршена

Јувентус ги потврди лошите најави: Сезоната за Колумбиецот е завршена

Oд редовите на Јувентус ги потврдија најавите на италијанските медиуми со повредата на Хуан Кабал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кабал кој во Јувентус пристигна во летниот преоден рок како засилување во одбраната заработил повреда на тренинг во која ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено.

Тоа значи дека сезоната за Колумбиецот е завршена.

„Фудбалерот Хуан Кабал мина дијагностички прегледи во „Ј Медикал“, тие ја потврдија повредата на вкрстените лигаменти на левото колено. Кабал ќе биде опериран во следните денови“, објави Јувентус.

Кабал од почетокот на сезоната добиваше солидна минутажа од Мота не се прикажа во лошо светло, а дополнителен проблем е што претходно заврши сезоната и за Бремер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од Чиле, Возиња има нов клуб во – Африка?

Иако се шпекулираше дека Возиња може да ја продолжи кариерата во Коло Коло, трансферот сеп…