Дома Топ вести Ѕвездата на Реал пред трансфер во Челзи

Ѕвездата на Реал пред трансфер во Челзи

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл купил куќа во англиската престолнина, а медиумите шпекулираат дека Велшанецот од следната сезона ќе се пресели во Челзи.

Бејл после заминувањето на Кристиано Роналдо требаше да биде прва ѕвезда на „кралевите“, но повторно не ги оправда очекувањата, па најверојатно ја игра последната сезона во Мадрид.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како што пренесува „Диарио Гол“, претседателот на Реал, Флорентино Перез донел одлука да го продаде Велшанецот, а Челзи е прв фаворит за неговиот потпис.

Истиот медиум пренесува дека Бејл купил куќа од 2,3 милиони фунти во Лондон, па сигурно се спрема за враќање во англиската престолнина.

Реал на лето спрема голема реконструкција на тимот, а прва трансфер мета е Еден Азар, па може да дојде и до трампа помеѓу двата клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…