Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, забележа нов „скок“ на ВТА листата и го бележи својот најдобар пласман во кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓорческа во однос на претходното рангирање напредуваше за девет позиции и сега се наоѓа на 171 место на ВТА листата.
Инаку, Македонката утре ќе го започне настапот во квалификациите за Гренд слем турнирот, Ролан Гарос.
Ѓорческа, лани учествуваше во квалификациите за УС Опен, но не го мина првото коло, додека во јануари на квалификациите за пласман на Австралијан Опен, не успеа да ја мине последната пречка.