Дома Тенис Ѓорческа елиминирана во првото коло од квалификациите на Вимблдон

Ѓорческа елиминирана во првото коло од квалификациите на Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби мечот од првото коло од квалификациите на Вимблдон, од првата носителка Александра Круниќ од Србија со 2-0 во сетови (6:4 6:4)

Поголемото искуство на Круниќ на големите турнири беше еден од решавачките фактори за нејзиниот триумф против Ѓорческа, која го имаше своето деби на Вимблдон и воопшто прв меч на тревната подлога.

Македонската тенисерка загуби со 2-0 во сетови, 6-4 и 6-4. Проблематичен беше почетокот на двата сета во кои Лина почнуваше со загубен сервис. Во остатокот од сетовите ги добиваше своите сервиси, но не успеа да земе ниту еден брејк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Со светски медалисти во составот, Македонија брка четири европски одличја

Македонскиот кикбокс-тим ќе има 33 претставници на Европското првенство во Скопје. Целта е…